
Предупредуваме дека кадрите содржат насилство и се несоодветни за емитување на деца и адолесценти.
Кривичното дело го сториле млади лица, кои биле бесни што не биле примени на забава.
Младите лица ѕверски ја удирале француската полицајка Рита, која паднале на земјата во југоисточно предградие на престолнината Париз, а криминалното дело било снимено и видеото било онлајн поставено, пренесе АФП. По нападот тие се свртеле и скокале врз патролниот автомобил.
Другите двајцата полициски службеници имаат потрес на мозокот и мали повреди. Нивната состојба не е тешка.
Причината за нивниот гнев е не успехот да учествуваат на приватна забава. Нападот се случил на новогодишната ноќ во предградие на Париз.
Околу 300 луѓе почнале да се бунтуваат откако не биле примени на забавата на организаторите, кои потоа ја повикале полицијата.
По повод случката претседателот Емануел Макрон имаше луто обраќање во кое го нападот го нарече “линч” и при тоа им се закани извршителите дека ќе бидат фатени и казнети.
Оваа Нова Година во Франција е забележан сериозен пораст на потпалувања и скршени возила во предградијата. Од 935 примери забележани пред една година нивниот број достигнал до 1031 на 31 декември, наспроти 1 јануари 2018-та, објави француското Министерството за внатрешни работи.
Околу 140.000 офицери и полицајци ги за обезбедуваа улиците на Франција за време на пречекот на новогодишната ноќ.