Ајна Гамзатова, сопруга и советник на Ахмад Абдулаев, претседател на Духовното управување на муслиманите во Дагестан, официјално поднесе документи за учество на претседателските избори во Русија на 18 март , соопштуваат турските агенции.
Таа ќе се соочи со Владимир Путин, кој владее со земјата повеќе од 17 години.
Газзатова ги доставила документите до Централната изборна комисија на Русија на 1 јануари 2018 година. Таа е првата муслиманка која се кандидира за претседател на Русија.
Познат како сопруга на дагестанскиот муфтија, Гамзатоваи е член на Унијата на руски новинари и главен и одговорен уредник на републиканското списание Ислам.
Досега со подигнати кандидатурите се ултраконсервативниот политичар Владимир Жириновски, кандидатот на комунистите Павле Грудинин и познатата во Русија телевизиска водителка Ксенија Собчак.

Сепак клучниот опозициски играч Алексеј Навални е спречен да се кандидира.