Година на климатски екстреми на планетата

од Vladimir Zorba
72 прегледи

  

 

Америка во 2017 година ја погодија разорни урагани, поплави и пожари, екстремни феномени чија зачестеност и јачина, се појасно сведочат за климатските промени кои се последица на човековиот фактор, предупредуваат експертите

Минатата година САД одлучија да се повлечат од Парискиот климатски договор, откако претседателот Доналд Трамп оцени дека со него се казнува најголемата светска економија, а предност и се дава на Кина.

Временските непогоди се зачестија од крајот на август кога Хјустон, четвриот по големина американски град, беше зафатен од ураганот Харви во кој загинаа десетици луѓе, преку Ирма на Карибите и Флорида која во целост уништи некои од островите и принуди милиони граѓани на евакуација. до Марија која ја разори Доминиканската Република и Порторико, како и неодамнешните пожари во околината на Лос Анџелес во Калифорнија.

– Тие пожари, меѓу најголемите во последните 80 години, се пример за она што не очекува во иднина, предупреди демократскиот гувернер на Калифорнија, Џери Браун, наведувајќи ги климатските промени и сушата како нивни последици.

Парискиот договор во декември 2015 година го потпишаа 196 држави со цел ограничување на растот на температурата на Планетата на помалку од два степени Целзусови во однос на прединдустрискиот период, за да се спречат катастрофалните последици, меѓу кои и зголемен раст на нивото на океаните поради забрзаното топење на поларниот мраз.

Администрацијата на Трамп во својот прв извештај за Стратегијата за национална безбедност ги исфрли климатските промени од листата на закани, на која беа во последните 20 години.

Минатата 2017 година остави трага и во другите делови на светот, кога се во прашање екстремните климатски појави. Силни монсуни ги погодија Индија, Бангладеш и Непал, предизвикувајќи смрт на повеќе од 1.200 луѓе и притоа уништувајќи домови, жетва и стока.

Во Европа, Шпанија и Португалија беа погодени од голема суша, а потоа и опустошени од шумски пожари.

– Климата на САД е тесно поврзана со климатските промени на Планетата, истакнуваат авторите на четвртиот национален извештај за климата направен по барање на американскиот Конгрес, кој беше објавен лани во ноември.

Во тој извештај научниците истакнуваат дека „сегашниот период е најтоплиот во историјата на современата цивилизација“.

Национал – Загреб