Научниците, проучувајќи скелет од праисториско бебе, заклучија дека му припаѓа на најстарите колонизатори на Америка некогаш откриени.

Резултатите од истражувањата покажуваат дека Алјаска е населена пред 25.000 години, 10 илјади порано од што се мислеше.
„Факт е дека оваа популација е постара од другите групи староседелци што е многу важен податок за да се открие како е населена Америка“, вели професорот Еск Вилерслев од Кембриџ кој е соавтор на студијата.
In the Bones of a Child in Buried in #Alaska 11,500 yrs ago, Signs of a Massive Human Migration to the Americas: genetic evidence now shows the Americas were settled by migrants from Siberia https://t.co/pHmYJ2gmlA
— Fang Ghoul (@FangGhoulU) January 4, 2018
Претпоставува дека први доселеници може да бидат предците на домицилните жители на американскиот континент.
Оваа нова популација научниците ја нарекоа Древни Берингијанци. Се смета дека пад на нивото на морето во тоа време во Беринговиот премин можел да доведе до суша на тоа подрачје.
Врз основа на добиените резултати, научниците тврдат дека бебето престојувало на подрачје познато како Апвард Сан Ривер на Алјаска. Скелетот на детето е стар 11.500 години.
Споредувајќи ги сличностите и разликите со другите луѓе од тоа време, научниците виделе дека до миграција од Азија во Америка дошло порано од што се мислело.
„Овие нови информации ќе ни овозможат детално да ја истражиме историјата на населување на Америка, која очигледно е посложена од што мислевме“, вели еден од лидерите на истражувањето.
Скелетот на бебето старо шест недели е пронајден во 2013 година, а до сега научниците го проучуваа.