Како ќе реагира кралицата: Меган Маркл сака да прекрши уште една кралска традиција

од desk2
146 прегледи

Само еден месец откако таткото на Меган Маркл изјави дека би сакал да ја испрати најмладата ќерка до олтарот, светските медиуми почнаа да пишуваат дека идната принцеза смислила друг план за нејзиниот голем ден.

Откако Меган се вери со принцот Хари, нејзиниот татко, Томас Маркл, им изјави на новинарите дека ќе има чест да ја испрати неговата ќерка на свадбата закажана за 19 мај во замокот Виндзор.

Сега во медиумите се појавија информации дека оваа американска актерка сака да отстапи од традицијата и нејзината мајка, Дори Рејланд, да ја испрати кон олтарот.