„Твитер“ објасни зошто не може да укине налози на светски лидери

од desk2
66 прегледи

Компанијата Твитер соопшти дека налозите на светските лидери на таа социјална мрежа имаат посебен статус, одбивајќи барања на поединци да се забранат пораки на претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер.


– Со блокирање на еден светски лидер или бришење на негови контроверзни твитови, би се скриле важни информации што луѓето би требало да имаат можност да ги видат и да дебатираат за нив, објави Твитер./MIA