Дачиќ: Не чекаат тешки разговори оваа година за Косово

од Vladimir Zorba
79 прегледи

   Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави за Блиц дека оваа година Србија ја очекуваат тешки разговори за трајно решение за Косово.

– Треба да се сочуваат државните и национални интереси во услови кога постојат големи притисоци, условувања и уценувања дека со тоа ќе се успори нашиот европски пат, изјави Дачиќ.

Според него, големите западни сили не се пријатели туку партнери, но не верува дека е неможно да се најде со нив заеднички интерес. Тој вели дека државата треба со сите да соработува, но постои голема разлика во однос на пријателите и оние кои се во групата на пријатели на Косово.

– Ако нема почитување на српските интереси нема ни да има трајно решение за Косово. Ако некој мисли да се согласиме на едностран акт кој е веќе донесен, мислам дека тоа се целосно нереални очекувања, нагласи тој.

Дачиќ смета дека меѓу Србите и Албанците мора да се најде компромис и оти не е реално крајот на оваа година да биде термин кога треба да се очекува решение за прашањето за Косово. На Приштина и порача дека нема решение без договор со Белград.

– Разберете дека нема решение без договор со Белград на кој никој не може да направи притисок, да се согласи со решение кое не е во согласност со српските интереси. Ако мислат спротивно, тие не го познаваат српскиот народ, изјави Дачиќ.