
Церемонијата на доделувањето на Златен глобус во голема мера беше под знакот на секс-скандалот што го потресе Холивуд. Присутните на шоуто и корисниците на социјалните мрежи не ја сокрија радоста од појавата на живата легенда на американскиот филм – 101-годишниот Кирк Даглас, пишува весникот. “Дејли експрес”.
Во видливо добро расположение и ведар духт, легендарниот актер, познат по улогата во филмот”Спартак”, беше изведен на сцената од страна на снаата и актеркаа Кетрин Зета-Џонс, за да врачи наградата за најдобро сценарио на Мартин Макдона за “Три билборда надвор од градот “.
Пред да се појави на сцената и да биде пречекан со бурни аплаузи од исправената публика која го дочека на нозе, за Кирк Даглас беше прикажан краток документарец – монтажа од неговите најдобри филмски моменти.
По појавата на 101-годишната жива легенда на сцената на наградите “Златен глобус” имаше позитивни реакции на социјалните мрежи.
“Најсветлиот момент на шоуто беше изгледот на Кирк Даглас. Каков неверојатен човек, каков неверојатен живот “, пишува корисник на Twitter.”Се насолзив кога го видов 101-годишниот Кирк Даглас на наградите “Златен глобус”, гласеше друг твити.
“Опра Винфри и 101-годишниот Кирк Даглас” го украдоа “шоуто”, пишува трет корисник на социјалната мрежа.
I bet this bit looked like a can’t miss home run in those production meetings! Good call…it totally worked. #GoldenGlobes #KirkDouglas #TheyAllKnew pic.twitter.com/bVEddKUQkG
— Mike Wolters (@woltersradio) January 8, 2018