Најмалку три деца се убиени од леопарди во руралните делови на Индија, соопштија стручњаците за заштита на животната средина.

Две деца се убиени во централна Индија, најверојатно во напад на ист леопард, а едно дете загина во северните делови на Индија, недалеку од заштитен резерват .
Локалните медиуми пренесуваат дека децата се убиени во неделата, пренесе AP.
Нападите на леопарди во Индија, земја во која живеат илјадници леопарди и 1,3 милијарди луше, се случувааѕ десетина пати годишно.
Од организацијата за заштита на леопардите наведуваат дека луѓето живеат покрај популацијата на овие животни, но мал процент на населението доживува напад.