Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров утре ќе се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас.

Разговорите, како што информираа од МНР за МИА, ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на натамошно зајакнување на мерките за градење доверба.
Местото на средбата се уште не е соопштено. Вицепремиерот Бијар Османи на вечерашното гостување на Тв 24 изјави дека средбата ќе биде веројатно во Грција. Грчките медиуми шпекулираат со градот Солун.
Сепак нема потврда ниту од грчкото ниту од македонското МНР, ниту детали, каде и во колку часот ќе се сретнат шефовите на двете дипломатии.