Лидерите на Италија, Франција, Шпанија, Португалија, Малта, Грција и Кипар се сретнаа за време на вечера во италијанската престолнина Рим синоќа, за да изработат заедничка стратегија пред целосните самити на ЕУ подоцна оваа година.

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони коментира пред новинарите изјави дека во моментот кога  европските економии се соочуваат со “позитивен момент, тоа го прави вистинскиот момент да се вложат напори за поголемо европско приближување ” и за намалување на регионалните разлики меѓу земјите-членки на ЕУ.

Во заедничката изјава се истакнува: ” Ја поздравуваме идејата за консултации со граѓаните низ цела Европа за главните приоритети за иднината на Европската унија, кои би можеле да бидат организирани од следната пролет.”

Учесниците, исто така, ги обновија повиците на ЕУ за да обезбедат поголема помош за справување со кризата со мигранти .

Ова беше четврта средба во овој формат. Следниот ќе биде во Кипар.