Анкета на сајтот “Ранкер”: Том Хенкс е најдобриот актер на сите времиња

од desk4
167 прегледи

Ако некој некогаш се сомневаше, дојде официјална потврда – Том Хенкс е најдобар актер на сите времиња, според анкетата на сајт “Ранкер”, во која за него гласалеоа 1,1 милиои луѓе.

Том Хенкс, кој се прослави со филмовите како „Форест Гамп„, „Спасувајќи го војникот Рајан„, го доби престижното признание, оставајќи ги зад себе Бети Дејвис и Марлон Брандо, кои се на второ и трето место меѓу десетте најдобри актери на сите времиња.

Следуваат Џејмс Стјуарт, Кетрин Хепберн, Роберт де Ниро, Џек Николсон, а последните три места на листата се Морган Фримен, Ентони Хопкинс и Дастин Хофман.

Сајтот Ранкер е американски сајт кој врши анкети за светот на забава, спорт и култура. Повеќе од 49 милиони луѓе го посетуваат месечно.