На откритијата им нема крај: Големата пирамида крие дупка со нешто големо

од desk2
128 прегледи

Мистериозна огромна шуплина, со должина од 30 метри, која е откриена во Големата пирамида во Гиза, можно е да го чува железниот трон направен од руда на метеор.

Археолозите сметаат дека тронот поставен во пирамидата служел да му помогне на фараонот на неговиот пат во следниот живот, пишува Дејли мејл.

Огромната шуплина е откриена во ноември 2017 година, во рамки на проектот на скенирање на пирамидата со помош на радиографија и 3Д реконструкција, но археолозите се уште не знаат зошто точно служел тој простор.

Шуплината е во облик на ходник и можно е да се простира и понатаму внатре во пирамидата.

Кеопсовата пирамида, направена околу 2550 година пред новата ера, еден е од најголемите и најкомплексни споменици во историјата на архитектурата.

Има три познати внатрешни простории, во кои може да се влезе преку тесни премини, од кои еден пред доаѓањето во крајската погребна комора, наеднаш се шири и се издига за да ја формира ткн. Голема галерија која води до комората.

„Новооткриената просторија се наоѓа над глаеријата, но нема практична функција за намалување на тежината над неа, затоа што покривот веќе е граден со посебна техника токму заради тоа“, вели ЏУлио Маљи директор на одделот за математика и професор по археоастрономија на Политекнико ди Милано.

Додава дека со набљудувањето на тронот на кралицата Хетеферес, кој е пронајден во парчиња и подоцна реконструиран, може да се претпостави како тој трон требало да изгледа.

Се работи за низок стол од кедар прекриен со злато и керамика. Кеопсовиот трон би можел да биде сличен наго, замо прекриен со тенки железни плочки.

„Постои можна интерпретација, која добро се сложува со она што го знаеме за египетските погребни религиозни обичаи наведени во древните записи. Во нив се наведува дека фараонот, пред да стигне со ѕвездите на север, мора да помине низ вратата на небото и да седне во својот железен трон“, вели Маљи.

Според него, јасно е дека не се работи за лиено, туку метеорско железо, кое паднало од небото во облик на железен метеор кој е специфичен по тоа што содржи висок процент никел, токму како што се спомнува во записите.

Египќаните го користеле метеорското железо за изработка на предмети дизајнирани за фаранот, од што е изработен и познатиот Тутанкамонов бодеж.