Ракометниот сојуз на Словенија денеска треба да потврди дека репрезентацијата нема да се повлече од Европското првенство.

Словенија денеска во 20.30 треба да игра против Црна Гора, а одлуката дали ќе останат на ЕП се чека по состанокот со лидерите на словенскиот ракомет.
Сите се надеваат дека челниците ќе одлучат да останат, а ако сепак се повлечат тоа ќе биде скандал без преседан.
Словенија во првото коло изгуби од Македонија, а селекторот Веселин Вујовиќ се жалеше на судењето. Но, Словенците особено скандалозно го сметат судењето на мечот против Германија, во загрепска Арена во второто коло. За словенечката ракометна репрезентација особено е спорна одлуката на судиите на крајот на мечот кој заврши со реми 25:25 откако Германија изедначи од седмерец по истекот на времето.
На тоа му претходеше долготрајно прегледување на снимката и на крај судиите одлучија дека словенечкиот играч Блаж Благотиншек го попречувал вадењето на топката од средина на игралиштето.
Според новите правила непочитување на оддалеченоста кај вадењето топка во последните 30 секунди се казнува со исклучување и пенал. Тобиас Рајхман успешно го изведе пеналот и натпреварот заврши 25:25.
По ова словенечката репрезентација вложи жалба, што ЕХФ ја одби, а Словенците најавија цивилна тужба и жалба до Спортскиот арбитражен суд, највисокиот спортски суд во светот.
Но, да продолжат да игараат на ЕО е најпаметната одлука што може да ја донесат, затоа што во спротивно би биле многу казнети што би го оштетило словенечкиот ракомет.