И Мила Царовска со поддршка за #СегаКажувам: За општество во кое никој нема да молчи

од Vladimir Zorba
156 прегледи

  Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ја поддржа кампањата #СегаКажувам:

Министерството за труд и социјална политика ја поддржува кампањата #СегаКажувам и сите храбри жени кои јавно ги споделуваат своите искуства и трауми.

Охрабрувањето и истапувањето се важни за промена на свеста, за промена на односот кон жртвите, но и за идентификување на оние облици на насилство кои не се препознаваат како такви.

Настојуваме целосно да го промениме третманот кон родово заснованото насилство. Затоа и инсистиравме на ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, позната како Истанбулска Конвенција.

Со овој чекор државата презеде обврска да ги третира сите форми на насилство врз жената, да презема мерки за заштита на жртвите и за санкционирање на насилниците.

#СегаКажувам го помага и јакнењето на институционалниот капацитет, довербата и подготвеноста да се пријавуваат ваквите случаи.

#СегаКажувам за општество во кое никој нема да молчи.