Ако Британија и Франција се поврзат со мост, по која страна ќе се вози?

од desk2
135 прегледи

Британскит министер за надворешни работи Борис Џонсон вели дека е време Британија и Франција да се поврзат со мост, и смета дека е смешно што двете европски сили се поврзани само со еден воз. Но, дали е можно, и на која страна од патот ќе се вози?

 

Предлогот на Џонсон е даден во четвртокот на самитот на Франција и Британија, одржан во британската воена база.

„Нашиот економски успех зависи од добрата поврзаност“, вели Џонсон, кој смета дека Channel Tunnel треба да е само првиот чекор.

Одговарајќи на идејата за 35 километарскиот мост преку Ла Манш, Емануел Макрон, францускиот претседател вели: „Ајде да го направиме тоа“.

Оваа идеја е музика за ушите на десетиците илјади туриски кои секоја година го поминуваат каналот било со ферибот или преку тунелот/ Замислете го олеснувањето на возачите на автомобили или камиони, кои чекаат да се качеат на ферибот за да го поминат каналот, а место тоа да може да возат преку него.

Всушност оваа идеја не е нова. Иста идеја постоела и во 1981 година, кога се планирала изградба на мостот која би чинеа 3 милијарди евра.

Во тоа време инженерите сугерирале возачите да платат 5.60 фунти патарина за да поминат преку мостот, што би донесло околу 220 милиони фунти годишно во 1981 година.

Сепак, предлогот се сметал за непрактичен и бил одбиен. Најмногу заради тоа што ќе биде многу потешко бродовите кои таму ги има многу нема лесно да поминат под постот, покрај столбовите кои би го држеле.

За идејата на Џонсон, сите експерти и инженери велат дека е тешко остварлива, подари фактот што ќе треба да се обезбеди леснен проток на бродови, што може да се реши со два вештачки острови, но и поради временските услови, но не е невозможно.

Некои пак велат дека „полесно е да се донесе Франција поблиску, отколку да се изгради мостот’.

Можеби најголемата дилема сепак ја имаат кај проблемот со страната на возење по патот, ако се знае дека во Франција се вози по десната,а во Британија по левата страна, па предлагаат на половина пат да има дигитален знак кој ќе ја смени страната на возење.