При реновирањето на Кралската палата најден весник од 1889 година и цигари од кралицата Викторија

од desk2
74 прегледи

При реновирањето на Кралската палата за менување на електричните кабли во Бакингам под штиците кои се на подот пронајдени се весник од 7 ноември 1889 година, колекции и неколку кутии цигари на кралицата Викторија од 19 век.

Се работи за брендовите цигари Player’s Navy Cut, Woodbine и Piccadilly. Се верува дека овие предмети ги фрлиле дворјаните на кралицата Викторија. Сел од весникот Evening Standard пронајден е во собата под апартманот на Елизабета II. Тука се и писмата на четвртиот гроф од Честерфилд кој ги напишал сам за својот наследник.

Кралското семејство го објави видеото и фотографиите од работите и откриените предмети. Велат дека ги пронашле работниците при реновирањето на електричната и водоводната мрежа која не е сменета од 1950 тите години.

Работите почнаа во април лани, а ќе бидат завршени во 2027 година. Ова е голем потфат затоа што палатата има 775 соби, 1.514 врати, и 760 прозорци. Трошоците за реновирање изнесуваат 418 милиони евра.