Логично, Хонда Акорд! Основачот на Амазон Џеф Безос неодамна стана најбогатиот човек на светот, чие богатство се проценува на повеќе од 110 милијарди долари.

Сепак, покрај големите апри што ги заработи, остана верен на своите принципи на кои и го стекна, па така и остана да го вози својот обичен автомобил.
„Постигни повеќе со помалце“, е мантра која Безос ја повторува и на своите вработени во Амазон.
Безос вози Акорд од 1999 година, за која во една емисија рече дека е совршено добар автомобил.
Пред неа, Безос возеше уште еден економичен автомобил во Сиетла каде е седиштето на Амазон, Chevy Blazer од 1987 година.
„Возев пакети и пошта и сонував еден ден да имам вилушкар“, вели Безос, кој Амазон ја основа во 1994 година, откако даде отказ на Вол Стрит.
Почна со онлајн продажба на книги, имаше десет вработени, а во 1997 година Амазон веќе вредеше 12 милијарди долари. Денес, Амазон вреди 600 милијарди долари.