(Видео) Полицијата со солзавец спречила тепачка на Грци со Македонци на протест во Мелбурн ВИДЕО

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Грчка организација во Мелбурн вчера организирала протест под мотото „Не за продажба на името Македонија и Македонија секогаш ќе биде грчка“. На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале над 2000 луѓе.

Протестите се одржале во центарот на Малбурн, кога дошло првин до вербална пресметка на учесници на демонстрациите и група Македонци кои, облечени во маици со македонски национални обележја, седеле на кафе во близина на грчкиот конзулат. Потоа дошло и до физичка пресметка, по што интервенирала полицијата која употребила и солзавец.