Запалено македонско знаме на протестот во Солун!

од Vladimir Zorba
358 прегледи

На големиот протест во Солун, на кој „ се брани“ името  на грчка Македонија , немил инцидет во кој од неколкумина експтермисти  беше запалено македонкото државно знаме, објави солунскиот сајт thestival.gr.

Нема коментари кои се сторителите, освен дека се случил настанот на палење на македонското знаме.

На протестот немаше други инциденти, а како барања беа истакнати : општ  референдум и се обвинува дека давањето на името Македонија во името на соседот од север е предавство за Грција и предавство на грчката влада. „Македонија значи Грција“ е мотото на протестот кој кулминираше денеска во 14 часот пред белата палата во Солун.

 Според објавеното видео од солунскиот портал, додека двете лица го палат знамето насобраните граѓани аплаудираат и ја пеат грчката патриотска песна „Прочуена Македонија“.

Во ЖИВО од антимакедонскиот протест во СОЛУН!

Протестите се случуваат само на два дена пред средбата на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос.