
Скандалозен коментар за виртуелната валута биткоин дојде од еден од основачите на руската компанија за безбедност Лабораторија Касперски. Според Наталија Касперски, во моментов главниот извршен директор на InfoWatch, биткоинот е развиен од американската ЦИА.
На конференција оваа недела, за која објавија руските медиуми, Наталија Касперски изјавила: “Биткоинот е развиен од американските служби со цел брзо финансирање на разузнавањето на САД, Англија и Канада во други држави”.
Според нејзините зборови, биткоинот е приватизиран, како што се Интернетот, GPS и TOR. “Всушност, ова е долар 2.0. Валутната контрола е во рацете на брокерите “, вели Касперски.
Оваа недела курсот на биткоинот падна до 10 000 долари, но подоцна криптовалутата се опорави и во моментов се тргува за близу 12.500 долари. Според некои аналитичари, уште во текот на оваа година цената на еден биткоинот ќе достигне 100.000 долари.