За сите кои се загрижија дека роботите ќе им ги земат работните места, ова е охрабруваќка вест.

Имено, роботот Фабио кој е дизајниран да им помага на купувачите во супермаркет доби отказ по само седум дена затоа што давал погрешни упатства.
“ShoopBot”-от го направи универзитетот Heriot-Watt, а вработен беше во супермаркет во Маригот, Единбург. Имаше одличен почеток, ги одушеви купувачите, се гушкаше, и поздравуваше со комплименти. Но, набрзо почна да се мачи.
Кога една муштерија го прашала каде може да пронајде пиво, место јасни упати, тој само одговорил во одделот за алкохол. Покрај сите напори, бучавата која се ствара во супермаркетите му оневозможува на роботот да ги разбере купувачите.
Кога го избркале од работа, вработените плачеле. Та е она на што неговите творци не се надевале.