(ВИДЕО) Почина легендарен џез музичар

од desk4
90 прегледи

Почина легендарниот џез трубач Хју Масакела, објавија светските новински агенции. По долгата битка со ракот, тој починал во Јоханесбург, се посочува во информацијата.

Масекела починал од рак на простата. Во 1960 година, Хју Масакела замина за Њујорк кога имал само 21 година и таму поминал три децении во егзил.

Тој се истакнал на џез сцената, благодарение на негови ментори Дизи Гилеспи и Луис Армстронг. Подоцна Јужноафриканецот се преселил во Лос Анџелес, а синглот “Grazin ‘in the Grass” бил број еден на музичките листи во САД. Хју Масакела објавил повеќе од 40 албуми.