За да се спречи политичка радикализација и етничката поларизација на Западниот Балкан, кои би можеле да предизвикаат вооружени судири, неопходна е стратегија за регионот, која би ја предводеле САД, смета истражувачот на вашингтонскиот Центар за анализа на европската политика, Јануш Бугајски.
– Балканските земји се вратија на американскиот радар во време кога растат заканите по регионалната стабилност и европскиот ингеритет. За да се спречи опасната спирала на ескалации, Вашингтон мора да тежнее кон силна стратегија за зачувување на безбедноста на преостанатите држави од регионот во рамките на западните институции и за намалување на ширењето на руската субверзија, наведува Бугајски во авторски текст во „Јуропиан Вестрен Балканс“.
Според него, неколкуте неодманешни настани во регионот, како „обидот за државен удар во Црна Гора, формирањето на паравојска во Босна и Херцеговина и убиството на Оливер Ивановиќ во Косово, би можеле да имаат некоја позадинска стратегија“.
Бугајски смета дека нестабилниста во регионот бара поголемо внимание од САД и изработка на иницијатива која би била базирана на три столба – спротивставување на субверзивните активности, националната безбедност и регионалната соработка.
– Спротивставувањето на субверзивните активности би подразбирало следење и борба против непосредните безбедносни закани, без разлика дали тие доаѓаат од паравоени формации, криминални организации или терористички групи, наведува Бугајски во анализата.
Според него, за гарантирање на националната безбедност сите земји од регионот треба да се најдат под закрилата на САД.
– Вашингтон може да ја преземе водечката улога во деблокирањето на процесите за членство во НАТО на Македонија и БиХ и да им понуди на Србија и Косово дуален влез тогаш кога ќе воспостават целосни билатерални односи и ќе ги спроведат неопходните воени рефоми, истакнува Бугајски.
Тој смета дека последниот столб на амерканската политика кон Западниот Балкан треба да се базира на регионалната безбедносна соработка, чии најважни елемнти би биле борбата против тероризмот, организраниот криминал и против странската субверзија.

– Јасно е дена радикалните националисти и оперативците на Кремљ директно имаат полза од нестабилноста, додава Бугајски.
Според него, дополнителен удар на регионалната стабилност претставува неодамнешното убиство на еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, од што „полза имааат политичарите кои сакаат да пропаднат разговорите меѓу Белград и Приштина“.
Бугајски оценува дека посебна загриженост предизвикува поврзаноста меѓу Москва и Балград во полето на одбраната и смета дека набавката на ново руско оружје од страна на Србија би моежело да влијае врз регионалната стабилност.