Мини Маус конечно доби ѕвезда на булеварот на славните во Холивуд

од desk2
148 прегледи

Мини Маус која се појави во повеќе од 70 цртани филмови конечно доби ѕвезда на булеварот на славните во Холивуд, дури 40 години по својот колега Мики Маус.

Ликот на Мини Маус прв пат се појави во 1928 година во филмот “Steamboat Willie”. Меѓутоа, многу ликови на Дизни порано добија ѕвезда како Пајо паторот, Ѕвончица и Снежана.

Зборувајчи за Мини Маус извршниот директор на „Волт Дизни“ Боб Игер рече дека таа официјално е првата дама на компанијата.

Ѕвездата на Мини Маус е 2.627 на булеварот на славните во Холивуд, а на свеченоста на која беше откриена Игер рече дека Мини одлично глумела, но дека по игра на случај Мики ја однесе сета слава.