После заедничката прес конференција на премиерите на Р.Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на која се најавија заеднички отстапки во насока на подобрување на билатералните односи меѓу двете земји, од владата за ТВ 24 објаснуваат кои се конкретните придобивки за Македонија во овој договор.

Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), која стапи во сила на 1 април 2004 година, ја претставува рамката за спроведување на договорните односи се до приемот на Република Македонија во членство во ЕУ и претставува највисока форма на институционална соработка меѓу РМ и ЕУ.
ССА влезе во четиринаесеттата година на спроведување. Македонија континуирано одржува целосна усогласеност со нејзините одредби. Не постојат отворени прашања во спроведувањето, освен отпочнувањето на т.н. втора фаза од имплементацијата на Спогодбата, што е во процедура на одобрување во Советот на ЕУ уште од 2009 година.
Со продолжување на притисокот до Советот на ЕУ, односно до земјите-членки, за целосно почитување на ССА и донесување соодветна формална одлука за премин во втората фаза од ССА, би се разгледала и можноста за еднострана примена на дел од одредбите од ССА кои се условени со одлуката за премин во втората фаза. Отпочнувањето на оваа фаза ќе има импликации и врз правото на основање, вршење на услуги, тековни плаќања и движење на капитал, како и во делот на постепено усогласување на законодавството и непречена имплементација на НПАА.
Дополнително, ССА содржи рамка за политички дијалог и ја зајакнува регионалната соработка, што со примената на одредбите од втората фаза би се постигнал степен на унапредување и проширување на пазарите и економските односи помеѓу РМ и земјите од ЕУ, преку воспоставување на основите за техничка и финансиска помош.
Јадранско-Јонска Иницијатива (ЈЈИ)
Регионалната соработка во Европа е препознаена како корисна за развивање на солидни основи за процесот на европска интеграција, преку унапредување на политичката и економска стабилност во Регионот на кој му припаѓаат.
Македонија како членка на ЈЈИ би добила можност:
-
Да ја продлабочи билатералната соработка со другите членки, кои се меѓу најважните македонски партнери во меѓународната економска соработка и трговија и на меѓународно-политички план (Италија, Грција, земјите на поранешна СФРЈ)
-
Да учествува равноправно во обмислувањето на стратешката развојна ориентација во географскиот Регионот на кој му припаѓа, преку активна улога во органите на ЈЈИ (Комитет на високи функционери и Министерски Форум)
-
Да учествува равноправно во конкретните форми на соработка утврдени како приоритетни: транспорт, туризам, култура, животна средина, итн.
Преку членството во ЈЈИ Македонија би добила можност во уште еден регионален форум да ги ги афирмира своите меѓународно-политички позиции и да ја подобри својата преговарачка позиција во однос на приоритетите во меѓународната соработка:
-
Членство во ЕУ (Италија и Грција, како соседи на Регионот на Западен Балкан имаат особено влијание врз одлуките за прием во ЕУ)
-
Членство во НАТО
-
Унапредување на добрососедската соработка (особено со Грција, демонстрација на продолжување на започнатиот процес на приближување)
Членството во ЈЈИ, како регионална структура со скромни буџетски средства, не може да донесе други директни бенефити, надвор од можноста уште еден форум да биде искористен за промоција на надворешно-политичките приоритети.
Членките ја уживаат логистичката подршка на Постојаниот Секретаријат, со седиште во Анкона, трошоците се покриени од земјата домаќин, секоја од земјите членки може да ги покрие трошоците на свој претставник во Секретаријатот.
ЈЈИ преку своите Округли маси е во формална врска на соработка со Стратегијата на ЕУ за Регионот на Јадран-Јон, односно со неговата Тематска група за разработка. Европската Комисија полноправно учествува во регионалната организација, дури копретседава со активности доколку е тоа потребно.
ЈЈИ се разликува од другите реионални структури по својот состав, сите членки се во процес на евроинтеграција (за разлика од ПСЈИЕ, ЦЕИ и Црноморска) и има олеснета комуникација со Брисел.
Членството би овозможило следење на проблематиката на макрорегионални стратегии на ЕУ во равноправни услови со другите држави од Регионот.