
Малку под 5 милиони лева ќе добијат наследниците на загинатите 15 Бугари од бродската несреќа „Илинден“, која се случи при потонувањето на пловилото на Охридското Езеро во 2009 година, пишува бугарски „Телеграф“.
Ова стана јасно од решението на Софискиот апелациски суд по граѓанската тужба против DNV GL SE – компанијата која ја издала дозвола за пловење на бродот.
Одлуката на судиите е од минатата недела и со него се укинува одлуката донесена од првата судска инстанца на Софискиот окружен суд, кој на почетокот на минатата недела пресуди за околу 2 милиони лева да бидат обесштетени роднините на жртвите од селото Антон.
Иако надоместоците за 32 наследници се намалени, случајот само по себе е голем успех, коментираа запознаени со целата афера.
Причината е тоа што во Бугарија се користи првото да се суди или обжали одлука за дело по одлука на Европскиот суд за човекови права, според која настраданите имаат право да водат постапки за надомест против странска компанија или сторител за локација во која настрадале лица.
Одлуката на Одборот судии не е конечна и подлежи на Касациона жалба. Во случајот беше направена судско-техничка експертиза која докажува дека бродот бесправно добил сертификат за пловидба. Експертите дошле до заклучок дека претставникот на германската компанија во Македонија Бранко Бајиќ направил „ретроспектива на документите“, пишува бугарскиот медиум.
Тоа значи дека тој издал документ за пловење на корисникот, кој бил ретроактивен и тоа наводно го направил по потонувањето, за да го замени трагите. Покрај тоа, бродот бил сертифициран иако не ги исполнил основните безбедносни барања.
Сопственикот на бродот немал задолжителен чамецза спасување и појаси. Овие факти станаа познати уште за време на процесот во Македонија каде при пресудата на капитенот на „Илинден“ Сотир Филевски, се констатирани безбедносните забелешки и тоа дека тој качил повеќе патници од дозволената граница на бродот, а фактите, според бугарскиот медиум, ја докажуваат и вината на Бајиќ кој по трагедијата се криел и се уште не е пронајден.
Трагедијата се случи на 5 септември 2009 година. Тогаш преоптоварениот брод со патници потона на пат за манастирот „Св. Наум“. Во бродската несреќа загинаа 15 Бугари.