Иванка Трамп во разговор за Бизнис инсајдер делеше совети за луѓето како да напредуваат во кариерата.

Поранешната манекенка и бизнисменка Иванка Трамп вели дека треба напорно да работите во раните години од животот, за да ја пронајдете својата страст и работата која најмногу ја сакате.
„Страста тешко се открива нив интроспекција. Мора да имате искуство – да учите во реално време и низ искуства кои ви предизвикуваат лупање на срцето“, вели ќерката на американскиот претседател.
Тоа значи да се идентификувате до работите кои ве интересираат, а пота да почнете да се борите за нив.
„Само излезете и работете нешто што сакате, а оние кои ви предизвикуваат поголем интерес работете ги уште повеќе“, советува таа.
А што е клуч на успехот? Иванка вели дека треба да почнете да работите и да дадете се од себе.
„Единствено луѓето кои сум ги сретнала кои се многу успешни во своето поле се луѓе кои се длабоко пасионирани од работата која ја работа секој ден.“