Семејството на американскиот писател и сценарист Пол Зиндел, добитник на наградата „Пулицер“, ги обвини за плагијат креаторите на филмот „The Shape of Water“, пишува „Гардијан“.
Филмот на мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо е фаворит за овогодинешните награди „Оскар“ – со цели 13 номинации, меѓу кои и главната – за најдобар филм, пренесоа светските агенции.
Производството беше изведено од филмската компанија „Fox Searchlight“.
„Ние сме изненадени како таква голема филмска куќа можела да создаде филм, чиј заплет е толку очигледно позајмен од претставата на мојот покоен татко, Пол Зиндел од 1969 година „Let me Хер your whisper“, изјави за весникот неговиот син Дејвид Зиндел. Од „Fox“ не само што не признаваат за плагијат, туку не се ни обратија за авторски права“.
„Гилермо дел Торо никогаш не прочитал и не се запознал со делата на г-дин Зиндел под каква и да било форма. Г-дин Дел Торо има зад себе 25-годишна кариера со 10 уметнички филм, а цело време бил крајно отворен. Ако семејството Зиндел има прашања во врска со оригиналноста на делото, ние би ги поздравиле разговорите со нив!“, велат од „Fox Searchlight“.
„Гардијан“ забележува дека има многу сличности во приказните за двете дела. Во двете дела, главната хероина е хигиеничар кој работи во тајна воена лабораторија. Таа се вљубува во битие, кое живее во вода. Но, кај Зиндел, тоа е делфин, а кај Дел Торо – хуманоидна амфибија.
Над суштеството се одржуваат мистериозни експерименти и хигиеничарката се обидува да го спаси, откако го пренесува во соба за перење.