Стигна селфи од Марс: Се вратив! Дали ви недостигав?

од desk2
104 прегледи

Верувале или не, оваа недела на Земјата стигна селфи од Марс. Но, пред да помислите дека се работи за Марсовец, авторот е многу познат.

Се работи за истражувачкиот робот Mars Curiosity Rover, кој во рамки на редовното праќање фотографии, прати и фотографија на која се гледа и тој самиот.

Секако, од НАСА не пропуштија тоа селфи да го споделат со јавноста па го објавија на официјалниот твитер профил на Curiosity со напис во кој има и доза хумор.

„Се вратив! Дали ви недостасував?“, стои во твитот.

Инаку, Curiosity Rover на Марс е од август 2012 година кога ја започна својата мисија за потрага на микроби кои би потврдиле постоење услови за живот на Марс.

Мисијата која требаше оригинално да трае 23 месеци, роверот ја заврши за само осум месеци па му е додадена работа во која собира примероци и ја проучува околината на Марс.