Видео снимки објавени на социјалните мрежи го покажаа Навални како се појавува во центарот на Москва, на неколку стотини метри од Кремљ , за да се приклучи на неколку свои поддржувачи , вклучени во протестот, кој руските власти ги прогласија за нелегалени.
Заоди само неколку метри, кога беше опкружен со силно вооружена полиција. Тие го згрзабчија на тротоарот и потоа го влечеа вополициското возило .
Имаше порака во Твитер профилот на Навални дека бил уапсен. ” Не е важно , дојдете во Тверскаја, не излезете за мене, туку за вашата иднина “, рече тој во постот.
Претходно денеска, полицијата влезе во канцеларијата на Москва на Навални, со изговор дека имало закана за бомба.
Рускиот суд му забрани на Навални да учествува на претседателските избори, за кои анкетите покажуваат дека ќе го победи Владимир Путин. Иако Навлани рече дека знаел дека Путин ќе биде реизбран, кампањата за бојкот е насочена кон помало одѕив на гласачите за да се обиде да фрли сенка врз неговата победа.