Вучиќ, Ердоган и Изетбеговиќ се состанаа во Истанбул. Србија го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и Дејтонскиот договор, рече Александар Вучиќ, јавува Танјуг.
Единствено што Србија сака од босанските муслимани е Србите во Република Српска и насекаде во Босна и Херцеговина да се чувствуваат безбедно , рече српскиот претседател во Истанбул. Коментарот на Вучиќ го следи трилатералниот состанок со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и Бакир Изетбеговиќ.
“Бидејќи не сакаме да се поткопа територијалниот ви интегритет, ние сакаме да имате ист однос кон Република Српска , која е создадена со Дејтонскиот договор на територијата на Босна и Херцеговина. Мислам дека овие работи се јасни и јас верувам дека секој разговор е добар “додаде Вучиќ.
“Најважно за луѓето е – Убеден сум дека ќе успееме со заеднички напори да обезбедиме траен и сигурен мир и за народот на Србија, Босанците, Хрватите и за сите што живеат во Босна и Херцеговина”, рече Вучиќ.