
„По Атина очекувам добри преговори и во Македонија“, порача медијаторот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц кој претпладнево пристигна во Скопје, информира ТВ24.
По посетата на Атина Нимиц доаѓа во Скопје на дводневни разговори со македонскиот државен врв.
„Преговорите во Атина поминаа добро очекувам истото да се случи и овдека откако ќе се сретнам и со претставниците на власта овдека во Скопје“, рече Нимиц во кратката изјава за медиумите.