Дац експресно е сменет: Тој повеќе не е директор на МНТ

од desk4
102 прегледи

Министерството за култура ја иинформира  јавноста дека денес ја примило и ја прифатило оставката на в.д директорот на Н.У Македонски народен театар, Драган Спасов – Дац – напиша министерот за култура Роберт Алаѓозовски на својот фејсбук профил.

Поранешниот директорот на МНТ и актер, Драган Спасов – Дац вчера возел во пијана состојба и удрил во девојка која поминала со полесни повреди.
Настанот го потврдија и од МВР.