The Shed at Dulwich неодамна се најде на првото место меѓу лондонските ресторани на TripAdvisor, ресторан кој всушност не постои.

Британскиот новинар Одах Батлер бил платен да пишува позитивни критики за ресторани во кои никогаш не бил.
Благодарение на таа работа, сфатил дека луѓето она што ќе го прочитаат на интернет го сфаќаат премногу сериозно. Конкретно овде се работело за TripAdvisor. Но, единствено што овде постоело бил ресторанот, па тој решил да се увери дали тоа може да се лажира.
Својата куќа ја претвоил во ресторан, барем виртуелен. Имено пријателите ги ангажирал да пишуваат најубави критики на интернет за неговиот непостоечки ресторан, а менито место класично го направил со предлози како расположенија, на пример љубов, контемплирање, утеха, страст…
По еден месец почнале да стигнуваат резервации, а тој на сите им велел дека е букиран со месеци. Почнале да стигнуваат и барања за вработување во ресторанот за кој сите зборувале на интернет, но никој никогаш не бил таму. The Shed се приближувал до првото место на TripAdvisor.
Кога работите почнале да излегуваат од контрола, тој решил на нколкумина и да дојдат кај него и да јадат нешто, во, според листата најдобриот ресторан во градот.
https://www.youtube.com/watch?v=obKAgBRw29k