Kосовскиот премиер Рамуш Харадинај тврди дека официјална Приштина ја поддржува работата на Специјалниот суд за Косово. Тој во емисијата „Conflict Zone“ на ДВ изјави дека Судот го враќа регионот наназад.

Харадинај во разговор со Тим Себастијан за емисијата „Conflict Zone” на Дојче веле изјави: „Постои загриженост поради Судот кај многу луѓе овде. Тие сметаат дека е неправедно Судот да испитува само одделни злосторници, а не сѐ што овде се случи. Но, нема страв од судот“. На директно прашање дали би одговорил на повик на судот, ако биде обвинет, Харадинај рече: „Да.“
„Верувам дека фактот што бивши припадници на ОВК се враќаат на обвинителна клупа дваесет години по војната може да разбуди сеќавања од периодот на ОВК и војната. Во период кога ни е потребно да го одржуваме мирот и да простиме, иако не и да заборавиме, и да гледаме во иднината, со ова се враќаме во минатото“, изјави Харадинај.
Целиот разговор на англиски јазик можете да го погледнете го тука