Коѕиас за Ројтерс: Грција бара брзо решение за спорот со името со Македонија

од desk4
98 прегледи

Грција наскоро ќе излезе со проект, ќе понуди предлог решение за деценискиот спор за името со Македонија, изјави во четвртокот министерот за надворешни работи, Никос Коѕиа, пренесува Ројтерс.

Првиот дипломат на Атина во интервју за агенцијата изјави дека “Александар Велики ни ја покажал потребата дека Гордиевиот јазол треба да се разсчисти. Во одреден момент, треба да го завршиме ова прашање “, додал Кодиас.

На прашањето каков е планот на Грција, ако проблемот не се реши до месец јуни 2018 година, министерот за надворешни работи изјавил дека до тогаш спорот “ќе биде завршен”.
“Сакаме да го решиме проблемот. Тоа е во наш национален интерес и интерес на регионот, бидејќи ќе обезбеди стабилност, безбедност и економски раст “, рече првиот дипломат.

Што се однесува до планираниот проект, Коѕиас изјави дека тој нема да го содржи само грчкото гледиште, ниту пак ќе биде компромис, туку ќе биде основa, врз која двете земји да соработуваат.