Нова хипотеза објаснува зошто се добива  СИДА – клучот е во бактерите што живеат во цревата!?

од desk4
288 прегледи

Медицинскиот истражувач Флори Чарлс од Youreka Science објави одлично видео во кое ја претставува својата прилично извонредна хипотеза за начинот на кој ХИВ се развива во фатална болест СИДА.

Ако се покаже дека  оваа хипотеза да е точна, таа би можела да доведе до развој на лекови кои ќе го спречат развојот на СИДАТА, информира io9.

Хипотезата се заснова на напис објавен од истражувачите од Универзитетот во Калифорнија.

Пристапот кон ХИВ во неа добива зголемена поддршка во научната заедница. Хипотезата се занимава со начинот на кој сите бактерии кои живеат во цревата – микроби – се погодени од ХИВ инфекции.

Кај луѓето заразени со ХИВ постои сериозно влошување на цревниот тракт. Всушност, се чини дека некој го совлада опкружувањето помеѓу сите овие бактерии и остатокот од телото.

Иако овие бактерии се корисни за цревата, тие се особено катастрофални надвор од нив. Ова е токму она што се чини дека се случува при ХИВ во напредна фаза. Бактериите од цревата предизвикуваат воспаленија по целото тело, кои од своја страна го компромитираат имунолошкиот систем и доведуваат до СИДА.

Прашањето е – како точно ХИВ ја предизвикува оваа деградација во цревата?

За да се одговорат прашањата, истражувачите одлучиле да ги споредат микробите во стомакот на ХИВ пациенти со оние на здрави луѓе.

Излегува дека разликата е огромна. ХИВ пациенти имаат особено различен вид на бактерии, вклучувајќи и огромен број на оние кои се поврзани со оваа болест.

Истражувачите дури знаат дека човек кој веќе 20 години има ХИВ, но  спај тој не развил СИДА. Бактериите во неговите црева изгледаат како оние на совршено здрав пациент.

Веројатно ХИВ влијае врз бактериите во нашите црева и соодветно на одржувањето на здравиот екосистем во нив и тоа може да го спречи формирањето на СИДА. Дали е тоа навистина точно?

Ова е веќе прашање кое треба да стане предмет на нова студија. Погледнете го видеото подолу. Во него, Чарлс успева да ја објасни оваа комплицирана студија на еден особено добар начин.