ВИДЕО: Екс-амбасадорот Ацо Спасеновски, луѓе околу Ѕинго и украински политичари вмешани во шемата на Казандол?!

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Погледнете го прилогот за рудникот Казандол од емисијата 24 Отворено, во кој, меѓудругото, се зборува и за сопственоста на компанијата која стои позади овој рудник што предизвика многу реакции во јавноста.

„Инвестицијата прв ја најави Никола Груевски во 2013 година, прво како англиска, потоа како англиско-украинска, за на крај да рече дека е украинска. А во реалноста во оваа фирма удели имаат македонските големостопанственици и политичари од Македонија и Украина.

Основач на Сардич МЦ е акционерското друштво Копер Инвестмент. Документите покажуваат дека во одборот на директори е Ацо Спасеновски, поранешен амбасадор во Украина од 2010 до 2014, и поранешен министер за земјоделство од 2006 до 2009 година. Спасеновски е член на Социјалистичката партија на Макеоднија на Љубисав Иванов – Ѕинго.

Поранешниот министер дури стекна и акции во друштвото, иако на почетоците беше само на менаџерските позиции. Голем број од рударските инженери ангажирани како експерти при изградбата на рудникот во Казандол, доаѓаат токму од компанијата Силекс која заедно со телевизијата Сител е дел од бизнис империјата на Ѕингови. Во сопственоста на компанијата се вмешани и украински политичари кои биле и пратеници во Собранието на Украина за време на мандатот на Спасеновски.

На денот кога во Валандово се гласаше на референдумот за рудникот, беше забележано и возило на украинската амбасада како кружи низ улиците, а активистите се пожалија на притисок и обиди за поткуп“, објави ТВ24.