Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски не ја направил сообраќајката во Карпош кај хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“, како што претходно објавија медиумите.

Автомобилот со кој е удрен моторџијата, бил управуван од 53-годишната Е.Ј., соопштија од полицијата. Моторџијата е 37-годишен маж, кој е повреден и префрлен во Ургентниот центар.

Неофицијално, 53 годишната жена е сопругата на Стевче Јакимовски.