На влезот за с.Долно Орашје, се излеала водата од Голема река, на патниот правец кој води од с.Јегуновце кон с.Радуша-Скопје и истиот целосно е во прекин.
Во с.Порој-Тетово, водата од Поројска река се излеала на мостот кај џамијата.
Поради големите врнежи дожд, околу 20:00 часот во с.Доброште кај Tетово, водата од реката Поника се излеала на главниот пат Тетово – Јажинце.
Како што соопшти АМСМ, поради излеаната вода, сообраќајот на овој патен правец се одвива по едната коловозна лента.