Започнува снимањето на последната сезона на Game of Thrones ( Игра на престоли)

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Наскоро започнува снимање на новата сезона од серијата Game of Thrones, а за тоа сведочи и поставениот шатор за логистика во Дубровник.

На локациите каде што ќе се снима поставени се и заштитни огради за да се оневозможи љубопитните фанови да се доближат до сетот.

Снимањето ќе трае само неколку дена, но за тоа време во Дубровник се очекува да пристигне комплетната екипа на серијата.

Се предвидува дека за таа прилика во Хрватска за прв пат ќе пристигне и ѕвездата на серијата, Кит Харингтон.

Продукцијата за осмата сезона од серијата, која фановите ќе може да ја гледаат пролетта во 2019 година започна во октомври минатата година.

Авторите Дејвид Бениоф и Ден Вајс за американските медиуми изјави дека на последната сезона ќе се работи околу година и пол.

Епизодите од осмата сезона ќе бидат подолго од досегашните, односно ќе траат помеѓу 80 и 90 минути.