
Мумијата на синот на древноегипетскиот фараон од 20-та династија на Рамзес III е изложена пред јавноста и таа е поставена во египетскиот музеј на плоштадот “Тахрир” во Каиро.
Ова се наведува во прес-службата на египетското Министерство за антички споменици.
Забележано е дека таа досега никогаш не била прикажано на јавноста. Нејзината возраст е над три илјади години. Мумијата била откриена во 1886 година во Луксор и била сместена во саркофаг од кедрово дрво. Телото билое завиткано во овча кожа. Интересно е да се напомене дека устата на мумијата е отворена ин на таков начин создава чувство дека таа вреска.

Како што забележуваат научниците, мумијата е на еден од синовите на древниот египетски фараон од XX династијата на Рамзес III – Пентауру (околу 1186-1069 п.н.е….Хр.). Има многу настани поврзани со неговото име. На пример, не успешен обид за државен удар. Истражувачите веруваат дека извршил самоубиство за предавство.