Животот на големиот тенор: На мајка му и рекле да го абортира, ослепел на 12 години, сега е најголем

од desk2
180 прегледи

Андреа Бочели не им се предал на животните предизвици и несреќи. Татко е на три деца, живее за музиката и со 20 години помладата љубов на неговиот живот.

Големиот тенор, текстописец и продуцент со музика е окружен од детството, кое го поминал во тоскана, италија. Како дете освојувал награди за пеење по разни натпревари.

Она што можеби не го знаете за него е дека во младоста сакал да биде адвокат. Се запишал на факултет по право во Пиза. Завршил и работел како адвокат една година. Но, љубовта кон музиката превагнала.Заработувал пеејќи по барови, а во кариерата му помогнал Цукеро, кој барал некој што со Лучијано Павароти бил снимил дует/ Биле одушевени од Андреа, а тоај набрзо се претставил на Сан ремо. Вниманието во медиумите расте, а кариерата на популарна музика му била се поуспешна.Во 1994 година се појавува и во прва опера.

На еден концерт откри дека лекарите на мајка му и рекле да го абортира затоа што многу веројатно е детето да се роди со некаков инвалидитет, затоа што таа била на операција од воспалено слепо црево. И помогнале, но и препорачале абортус. Таа не го направила тоа.

„И рекле дека најдобро решение е абортус, затоа што бебето ќе се роди со некој вид инвалидитет. Ама младата и храбра жена одлучила да не ги послуша и детето се родило. Жената била мојата мајка, а детето јас“, вели Бочели на еден концерт.

Се родил со тешко оштетување на видот, а во 12 година потполно ослепел кога случајно го удриле по глава со топка. Имал вроден глауком.

Со првата сопруга се запознале за време на студиите и добиле два сина. Но сепак, негоават љубов ја пронашол кај втората жена, неговата менаџерка Вероника Барти, со која во 2012 година добија ќерка.