Могран Гејсер (15) од Висконсин осудена е на 40 години затвор во психијатриска болница поради обид за убиство на другарката Пејтон Лаунтер.

Таа во 2014 година со пријателката Аниса Вејер (16) ја нападнала, ја избодела и за малку ќе ја убиела Пејотн. Аниса Вејер порано е осудена на 25 години во установа за психички болни.
Во моментот на нападот трите девојчиња имале по 12 години. Аниса ја наговорила Морган на напад. Морган ја прободела другарката дури 19 пати. За среќа ја промашила срцевата артерија. Откако мислеле дека ја убиле, ја оставиле во шумата. Пејтон некако успеала да дојде до крајот на шумата и еден велосипедист ја забалежал и повикал помош. Девојчето преживеало.
Другарките ја нападнале затоа што сакале да го смират Слендерман и да му принесат жртва. Слендерман е креација на Ерик Кнудсен која стана вирална и многу популарна на интернет и околу неа се створи цела митологија.
Морган и Аниса одговорноста ја префрлаа една на друга, а се шокирале кога виделе дека Пејтон е жива.
Гејсер пред исрекувањето на пресудата почна да плаче и да моли за прошка. Лекарите и дијагностицираа шизофренија. Иако, двајца доктори на крајот на судењето рекоа дека не е опасна за својата околина повече, еден предупреди дека уште минатата есен рекла дека слуша гласови.
Судијата во Висконсин одлучи Морган да добие максимална казна затвор со оглед на нејзините години. Рече дека ќе ја затвори за да ја заштити заедницата. Додаде дека Морган има долга историја на болеста и дека е ризик за другите.