Новинар патник во седиштето нашол доверливи документи од национална безбедност на САД

од desk2
143 прегледи

Еден патник во џебот од седиштето на авион пронашол тајни документи на владата на САД, кои се од исклучителна важност за безбедност на татковината и кои носеле ознака само за службена употреба.

Патникот бил новинар на CNN, а документите содржеле доверливи материјали за анти-тероризам во врска со американската фудбалска лига Супебол.

Се работи за документи на Министерството за внатрешна безбедност, кои во џебот од седиштето ги заборавил заедно со пасошот, научник кој работел на спроведување на протокол за биотероризам, во случај да се појави антракс на Супербол.

Во прашање е упатство кое се добива пред некој голем настан, поврзано со серија вежби со цел предупредување од терористички напади.

CNN наведува дека не сакале јавно да ги откриваат документите пред одржувањето на антпреварот, затоа што министерството изразило загриженост дека таквите вести би можеле да ја загрозат безбедноста на 73.000 посетители на овој настан.

Новинската куќа не ги објави деталите пронајдени во документите, за да не ја загрози националната безбедност.

Покрај тоа CNN не дознал кој ги оставил документите и не соопшти за која авиокомпанија станува збор но на пасошот било името на Мајкл Волтер, кој е менаџер на програмата “BioWatch”, за која е надлежно Министерството за внатрешна безбедност.