Новата германска влада силно ја поддржува ЕУ перспективата на Западен Балкан

од Vladimir Zorba
128 прегледи

  Новата германска влада силно ја поддржува европската перспектива на државите од Западен Балкан сметајќи дека политиката на проширување на ЕУ е важна за да се поттикне мирот, стабилноста и соработката.

Тоа се наведува во нацртот на коалициониот договор меѓу ЦДУ/ ЦСУ и СПД, објави весникот „Велт“, истакнувајќи дека се уште не е конечен  текстот на документот и дека деталите се уште се утврдуваат.

– Политиката на проширување на ЕУ останува важна за да се поттикне мирот, стабилноста и соработката. Истовремено, ЕУ мора преку внатрешни реформи да ја осигура својата способност за дејствување. Ние го поддржуваме приближувањето кон ЕУ, а посебно внимание посветуваме на развојот на демократијата и правната држава, се наведува во текстот на договорот.

Во текстот се истакнува дека претпоставка за напредок во приближувањето е државите од регионот да ги исполнат предвидените критериуми.