Стомачна танчерка од Египет е уапсена поради тоа што била премногу заводлива во текот на танцот.

Екатерина Андреева танцувала во египетскиот град Гиза, но, се чини според мислењето на полицијата, била премногу провокативна, пишува Daily mail.
Иако публиката била одушевена од нејзиниот танц, полицијата снимката од ноќниот клуб ја прогласила за неморална, и ја уапсила, обвинувајќи ја дека лошо влијае врз младите.
– Според законот, долната облека на танчерката не смее да биде во беж боја, вели египатскиот обвинител Хатим Фадл.
– Изгледа оваа танчерка не носела никаков веш, што секако е недопустливо, вели тој.
Нејзините адвокати се обидуваат да го решат проблемот, а Екатерина добила забрана за танц по клубови.