Мартин Шулц, шеф на Социјалдемократската партија во Германија, објави дека се откажува од местото министер за надворешни работи во идната голема германска коалиција со конзервативците на Ангела Меркел.

„Изјавувам дека се откажувам од влегувањето во владата“, соошти Шулц, кој најави дека ќе биде министер за надворешни работи според коалицискиот договор меѓу СДП и Ангела Меркел.
Гернамскиот неделник Шпигел напиша дека Шулц се откажал од местото под притисок на партиските кругови во неговата партија. Претходно Билд пренесе дека водството на СДП му дало ултиматум на Шулц до петок попладне да се откаже од тоа место.
Зад сето ова стои незадоволството на базата, посебно во најголемата покраина Северна Весфалија затоа што Шулц порано ветуваше дека нема да влезе во кабинетот на кацеларката Ангела Меркел.
Актуелниот министер за надворешни од редовите на СДП, Зигмар Габриел го критикуваше Шулц затоа што не си стои на ветеното дека нема да влезе во коалиционата влада.
Внатре во СДП се стравува дека кадровските расправи може да надвладеат над суштинските разговори и дека членовите на партијата може да го отфрлат договорот за голема коалиција.
Конзервативците и социјалдемократите во средата постигнаа договор за коалициска влада која треба да ја потврдат членовите на СДП.
Според договорот СДП треба да добие шест министерски места, меѓу кои и министерството за надворешни, министерството за труд и министерството за финансии. Шулц беше најавен како министер за надворешни, што би си заминал од челното место во партијата.