
Британскиот архитект Асиф Кан за потребите на Олимписките игри во Пончан, во Јужна Кореја, изгради сала, опишувана како “Најдобра темнаа зграда во светот”.
Тој надворешно за да ја изгради и да ја покрие користел т.н. Vantablack VBx2, супстанција која има својство да ја апсорбира светлината до 99%.
Инаку, самата конструкција е од привремен тип и како силуета е сосема банална. Надвор, дури и на дневна светлина, салата изгледа темна. Мали LED диоди и сензори за движење се поставени на надворешните ѕидови.
Кога човек се приближува до зградата, се создава впечаток дека ѕидовите оживуваат. Внатре, сепак, работите се радикално различни и спротивни. Дизајнот на ентериерот е целосно решен во бело, во многу нијанси на оваа боја. Значи при влегување во салата, на човек му треба малку време за да асимилира драстичната промена-од бескрајно црно, до бескрајно бело.